Tренерот на ПСВ, Петер Бош, не е задоволен од  ремито со Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Холандскиот тим синоќа во Ајндховен одигра 1:1 пропуштајќи неколку шанси да дојде до победа пред реваншот на гостински терен.

– Тоа беше изедначен натпревар. Имавме некои тешкотии рано поради нивниот пресинг, но сепак успеавме да создадеме одлични шанси, особено Тилман во првото полувреме. Беше многу тензично на теренот. Го контролиравме натпреварот, па во тој поглед штета што не постигнавме уште еден гол. Сè уште имаме шанси, знаеме што треба да направиме на реваншот, изјави Бош.

Возвратниот натпревар ќе се игра во Германија на 13 март



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.