Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, упати телеграма со сочувство за смртта на еден од најголемите македонски фудбалери во нашата историја, големиот Кирил Дојчиновски.

Во телеграмата до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и целото македонско фудбалско семејство, првиот човек на светскиот фудбал изразува длабоко сочувство до семејството, истакнувајќи дека Кирил Дојчиновски е вистинска легенда на југословенскиот фудбал и еден од најголемите во неговата генерација.

Ќе ни недостасува неговата фудбалска големина, лидерството, но уште повеќе човечката и хуманата величина на Кирил Дојчиновски, напиша меѓу другото Инфантино.

Дојчиновски почина на 78-годишна возраст, а тој ќе остане запаметен и како прв Македонец кој заиграл на Светско првенство, во 1974 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.