Во два дена (вторник и четврток) во Скопје се играа два европски натпревари. Шкупи во вторникот играше со Шамрок од Ирска, додека, пак, Шкендија играше со АИК од Шведска. Во Скопје дојдоа навивачи од двата клуба кои го искористија слободното време за прошетка.

Тоа не им се допаднало на навивачите на Шкупи, популарните „Шверцери“. Како што дознава „Република“ тие во Старата чаршија забележале странски навивачи и ги нападнале.

Сепак, фановите на Шкупи ги утнале навивачите за кои мислеле дека се на нивниот противник, односно ирски навивачи. Но, нападните странци биле шведските навивачи кои во Скопје дошле неколку дена пред да биде мечот на нивниот АИК против Шкендија.

Таквата случка беше и причина за на денот на натпреварот меѓу Шкендија и АИК, шведските навивачи да бидат спроведени до стадионот во Градскиот парк со силна полициска придружба, со цел да се избегне каков било друг инцидент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.