Голем пресврт во истрагата за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК во Атина, објави хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Првите наводи беа дека за убиството на 29-годишниот Михалис Кучурис е осомничен хрватски државјанин, но новите податоци сепак укажуваат дека се работи за Грк!

„Вечерњи лист“, кој се повикува на изјавата на репортерот на Нова ТВ, наведува дека убиството најверојатно го извршил грчки државјанин.

Според неофицијални информации, полицијата има отпечатоци од убиецот, а тој наводно е грчки државјанин, рече репортерот на Нова ТВ.

Сите приведени се претходно однесени на ДНК тест, а убиецот оставил траги на починатиот навивач.

Наскоро се очекува да биде објавен идентитетот на убиецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.