После Франција и Бразил Португалија е третиот осминафиналист на фудбалското Светското првенство во Катар.
Вечерва Португалците славеа во дербито против Уругвај со 2:0. Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, па мрежите мируваа. Португалците до победата стигнаа во второто полувреме кога беа постигнати двата гола.
Двата гола беа дело на Бруно Фернандеш. При првиот гол Фернандеш нафрлуваше за Роналдо во 54. минута, но Роналдо иако скокна не играше со топката, па голот беше запишан на Фернандеш. Се обидуваа Уругвајците, влезе и Суарез во нападот, меѓутоа реализацијата изостана. Точка на натпреварот беше ставена во судиското продолжение кога Бруно Фернандеш го реализираше досудениот пенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.