Португалската фудбалска репрезентација ќе се обиде да извади мундијалска виза во дуелот со Македонија, а на утрешната средба во Порто ќе очекува и голема поддршка од домашните фанови.
Стадионот „Драгао“ беше распродаден за само неколку часа по пуштањето на билетите во продажба, а тоа им оди во прилог на актерите на црниот пазар.
Како што пренесува „Ројтерс“, цената на билет за дуелот Португалија-Македонија достигнал 200 евра, сума која одреден број португалски фанови веројатно и ќе ја платат за да го следат во живот мечот кој може да донесе големо славје, но и уште поголемо разочарување.
Португалската федерација истовремено ги известила надлежните органи дека во продажба се појавиле и билети со места за седење кои не постојат на стадионот, па побара брза истрага и апелираше до навивачите да не наседнуваат на ваквите „одлични“ понуди.
Билетите чинеа од 10 до 15 евра, а 2.500 од нив се ставени на располагање на македонските навивачи.
извор: Дерби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.