Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, е трансфер желба на великанот од Саудиска Арабија, екипата на Ал Наср.

Како што објави новинарот, добро упатен во трансфер-пазарот во светот, Фабрицио Романо, Ал Наср доставил понуда од 3,5 милиони евра за ангажман на Димитриевски. Сепак, како што пишува Романо, клубот на Димитриевски, рајо Валјекано, не е расположен зимава да се раздели со својот прв голман.

Со понудата на Ал Наср за трансфер на Димитриевски, продолжува интересната зима за македонскиот голман, кој претходно беше поврзуван и со можен трансфер во Барселона.

На таквите информации, Столе одговори дека во моментов не размилува за заминување од Рајо Валјекано, тим со кој се бори за излез во Европа за наредната сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.