Легендата на Реал Мадрид, Франциско (Пако) Хенто, почина во Мадрид на 88-годишна возраст.
Познат по своите брзина и сила, Хенто го носеше прекарот „Кантабриската бура“ и беше прогласен за најдоброто лево крило во историјата. Тој е единствениот фудбалер што има шет трофеи во Купот на шампионите. Хенто беше дел од најдобриот напад во историјата на светскиот фудбал, кога во Реал Мадрид играше покрај Ференц Пушкаш, Алфредо ди Стефано, Рејмон Копа и Хозе Ектор Риал, во времето кога „Кралскиот клуб“ освои пет последователни титули во Купот на шампионите.
Хенто настапуваше за Реал Мадрид од 1953 до 1971 година, при што одигра вкупно 600 натпревари и постигна 182 гола. Тој беше почесен претседател на Реал Мадрид, титула што ја презема по смртта на Алфредо ди Стефано во 2014 година.
Хенто е најтреофејниот фудбалер во историјата на „Кралскиот клуб“ со вкупно 23 трофеи, меѓу кои, покрај шесте во Купот на шампионите, се издвојуваат 12 титули во Шпанија. Тој го носеше дресот на Шпанија на 43 натпревари.
Пред само два дена, со освојувањето на шпанскиот Супер Куп, Бразилецот Марсело се израмни со Хенто според бројот на титули освоени во дресот на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.