Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст, јавува „RTCG“.
Шаркиќ починал околу 6:30 часот во Будва, полицијата е на лице место, се истражуваат сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт.
На голманот на црногорската репрезентација му се слошило во станот во Будва, пријателите веднаш повикале брза помош, но за жал немало помош за него.
Саркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот со Белгија, се чинеше дека „храбрите соколи“ добија голман за следната деценија, но пречека прерана смрт.
Ги бранеше боите на многу клубови на Островот, каде што е роден (Гримсби), а во летото 2023 година се пресели во Милвол со Волвс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.