На 84 години почина легендарниот голман на Партизан Милутин Шошкиќ. Тој ќе остане запаметен како најдобриот кој застанал меѓу стативите на овој клуб.

За Партизан дебитирал во 1955 година и останал преку една деценија во црно-црниот табор. Одиграл 177 натпревари за Партизан, беше дел од генерацијата која играла финале на Купот на шампионите во 1966 година против Реал Мадрид на стадионот Хејсел во кој црно-белите загубиле со 1:2.

Шошкиќ бранел и за Келн, каде што ја завршил кариерата. Одиграл и 50 натпревари за репрезентацијта на Југославија, со која освоил златен медал на ОИ во Рим 1966 година.

Работел и како тренер на ОФК Белград, Кикинда, а 11 години бил помошник во Партизан, па работел како тренер на голманите во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.