Јапонија оствари огромен триумф против Германија на Светското првенство во Катар со резултат 2:1, но она по што светската јавност повеќе ги зборуваше беше нивното совесно чистење на стадионот по натпреварот.
Сега, Јапонците пак се во центарот на вниманието со видеото од тоа како во Јапонија го прославија извонредниот успех на својот тим на улиците.
Со оглед на тоа дека почитувањето на законот е на прво место во сите ситуации за Јапонците, па дури и кога се слави, така тие се потрудија да не го нарушат сообраќајот со славје. Па, во моментите кога семафорот беше црвен за автомобилите, сите се собираа на сред улица, а потоа се враќаа на тротоарот кога светлото ќе светнеше зелено за да не ги блокираат автомобилите.
The most organized celebrating in Tokyo after Japan beat Germany.
Fans rush Shibuya Crossing but responsibly return to sidewalks when cars have to drive. pic.twitter.com/bkAKS59CK0
— Trung Phan (@TrungTPhan) November 23, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.