Белгија стартуваше на Светското првенство во Катар со тешко извојувана победа вчера против Канада од 1-0 (1-0) во рамки на групата Ф.

Канада од самиот почеток наметна висок пресинг на игра и на крајот незаслужено замина со гол негатива на полувреме, откако во првиот дел не реализираше пенал преку Алфонсо Дејвис, а пропушти и уште неколку стопроцентни шанси за погодок.

Казната на спротивната страна дојде во 44 минута кога Белгија преку Мичу Бачуај дојде до водство кое го задржа до крајот на натпреварот за стартна победа во групата пред претстојните дуели против Мароко и Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.