Бразилската фудбалска легенда Пеле (81) јавно го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина.

Запрете ја инвазијата. Нема оправдување за продолжување на насилството.

 

Кога се сретнавме во минатото и разменивме насмевки со долго ракување, не можев да замислам дека еден ден ќе бидеме разделени како што сме сега.

 

Моќта да се стави крај на овој конфликт е во ваши раце. Истите раце со кои се ракував во Москва кога последен пат се сретнавме во 2017 година – му порача Бразилецот на Путин во писмо објавено на „Инстаграм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.