Светската фудбалска легенда Едсон Арантес до Насименто (81), по дводневен престој ја напушти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, јавија денеска локалните медиуми, додавајќи оти Пеле е во стабилна состојба.
На трикратниот светски првак лани му беше дијагностициран тумор на дебелото црево, а по оперативниот зафат неколку пати се враќаше во болницата за испитувања и хемотерапии.
Едсон Арантес до Насименто е испишан од болницата „Алберт Ајнштајн“. Пациентот е во добра и стабилна клиничка состојба, се наведува во медицинскиот извештај, потпишан од ендокринолог, онколог и директорот на болницата.
Пеле е единствениот фудбалер во историјата, кој освоил три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.