Турскиот весник „Милиет“ пишува дека се уапсени 59 лица, кои биле вмешани во обложувачки скандал.

Истрагата траеела осум месеци а резултира со апсење на осомничените низ осум турски градови. Турската полиција ги следела движењата на сметките на членовите на оваа банда. Утврдено е дека за период од околу една година тие оствариле промет од една милијарда турски лири, или во превод 55 милиони евра.

Собраните пари се акумулирале на сметките на роднини на водачите на бандата. Со други зборови, за да не бидат следени од Централната банка, со ситни трансакции како 10 или 15 илјади долари парите се движеле низ банките и се собирале на сметките. Потоа се претворале во криптовалути и завршувале во Македонија.

Пишувањата тврдат дека ова е најголемата турска илегална обложувачка банда. Вклучените во скандалот се членови на терористичка и вооружена организација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.