Откако Дарко Панчев во изјава за германските медиуми го „чепна“ најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, истакнувајќи дека со струмичанецот, Македонија губела и од Андора, Пандев за „Фокус“, само кратко порача:

Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП.

Тој уште еднаш го пофали пристапот на нашите репрезентативци во изминатите два натпревари.

Дечките изгинаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал, додаде струмичанецот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.