Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев вели дека оваа селекција има играчи како Барди, Алиоски, Адеми… кои можат да стануваат уште подобри. Панчев верува дека Благоја Милевски е вистинско решение за селекторската позиција и дека тој треба да добие нов договор.

Во интервју за „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ анализира дека главната причина за добрите резултати на нашата репрезентација е квалитетната колективна игра во која многу фудбалери даваат свој придонес, нешто што не секогаш беше случај дури и кога Македонија го имаше Горан Пандев во тимот.

Придонесот на Горан Пандев за Македонија е неспорен. Не може да се заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија за пласман на Европското првенство, ама не може да се заборави дека и со него во тимот губевме од Андора.

 

Мислам дека фудбалерите како Барди, Алиоски, Адеми може уште повеќе да се развиваат, а тоа ќе биде одлично за нашите резултати во иднина.

 

Победите над Германија и Италија не може да се споредуваат, првата беше во квалификации, додека другата во бараж, но како и да е тие две се голем белег и пресвртница во историјата на македонскиот фудбал.

 

Да сум претседател на ФФМ веднаш би го продолжил договорот на Милевски, би му дал четиригодишен договор. Јас сум импресиониран од неговата работа и од концептот, особено што и претходно имаше одлична работа со младата селекција. За мене тој е најдобриот селектор кој го имала Македонија – вели Панчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.