Дарко Панчев во интервју за Индекс“ се потсети на натпреварот на „Максимир“ со кој почнаа нередите во Југославија, за испуштената шанса да станат европски шампиони во 1992 година, за навивачите на Звезда меѓу кои и Аркан…
Да, логично е дека го познавав Аркан со оглед на тоа дека беше водач на Делиите. Имаше слични типови на водачи , но да, се чини дека сепак тој беше малку поинаков. Само една година подоцна беа воведени санкции за Југославија и забрана за заминување во Шведска на ЕП, по што Данците го зазедоа местото и стигнаа до титулата. – Бевме први во тие квалификации, на седум натпревари постигнав 10 гола. Момците одиграа феноменално, да не беа тие санкции, сигурен сум дека убедливо ќе го освоевме првенството. Сите бевме неправедно казнети, кога ќе помислам на сите тие играчи и прекрасни момци, срцето ми се кине. Ми остави голема лузна – вели Панчев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.