Фудбалскиот клуб Црвена звезда пред 31 година стана светски клупски првак.
Во Токио, во Интерконтиненталниот куп, Црвена звезда убедливо со 3:0 го совлада шампионот на Јужна Америка, Коло Коло од Чиле. Светската титула го заокружи еден од најсветлите периоди во историјата на црвено-белите, но и на југословенсиот клупски фудбал.
Дел од оваа победа беа Македонците Илија Најдоски и Дарко Панчев.
Со победата против Коло коло, Звезда, на денешен ден пред 31 година ги обедини двата најважни фудбалски трофеи во клупското натпреварување, откако шест месеци претходно го совлада Олимпик Марсеј по изведувањето пенали и стана европски првак.
Пред 60.000 гледачи во главниот град на Јапонија головите ги постигнаа Владимир Југовиќ во 19. и 58. минута, односно Дарко Панчев во 72. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.