Во сообраќајна несреќа што се случила на патот Рума-Јарак, загинал Миодраг Јешиќ, поранешен фудбалер и тренер на ФК Партизан.

Јешиќ бил возач на автомобил „цитроен“ кога од засега непознати причини преминал во спротивната лента и директно удрил во камион со приколка, дознава „Блиц“.

Според информациите со кои располагаат српските медиуми, Јешиќ починал на лице место, додека возачот на товарниот камион се здобил со полесни повреди.

Јешиќ имаше 64 години. Освен во Партизан, настапуваше и во турските Алтај и Трабзонспор, а има и осум настапи за репрезентацијата на Југославија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.