Вчерашната ждрепка за групната фаза од Европското првенство во 2024 година го одбележа моментов кога во салата каде се одржуваше манифестацијата одекнаа звуци како од порно филм.

Никој не можеше да сфати што се случува, но организаторот некако успеа да ја смири ситуацијата и да ја истера на шега. Ден подоцна, откриено е кој го предизвикал инцидентот за кој се зборува низ светот.

И денеска повторно се тврди дека станува збор за јутјуберот Дениел Џарвис кој на своите профили на социјалните мрежи, во најава во живо, покажа како подготвил изненадување за сите кои се наоѓаат во Хамбург.

На видеото кое го постави, може да се види како со телефонот се јавува некому, а на телевизија во исто време се гледа како учесниците во ждрепката реагираат на она што се случува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.