Академијата на Манчестер јунајтед беше затворена откако во близина на тренинг-центарот биле пронајдени закопани остатоци од човечко тело.
Полициската истрага е активирана, а форензичар од терен потврдил дека закопаниот труп бил замотан во пластична ќеса.
Засега не е познато до кога ќе биде затворена академијата на „црвените ѓаволи“, но полицијата работи на расчистување на случајот.
Голема истрага е во тек и така ќе остане додека не утврдиме што се случило. Подрачјето е затворено за јавност“, изјавил еден од инспекторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.