Македонија Ѓорче Петров објави детали за продажбата на влезници за натпреварот против ЦСКА Софија во второто коло на Конференцсиката лига на УЕФА. Дуелот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија ќе се одигра на 21 јули на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.

Продажбата на билетите почнува од утре и ќе се одвива во периодот од 9 до 11, како и од 17 до 20 часот се до денот на натпреварот. Секој ќе може да купи најмногу две влезници и да покаже документ за идентификација. Цената на билетите изнесува 300 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.