Легендарниот италијански фудбалер, Франческо Тоти и манекенката Илари Блази објавија дека се разведуваат по 20 години врска и брак. Тоти и Блази објавија одвоени соопштенија, со образложение дека сакаат да ја почитуваат нивната приватност.

Познатиот поранешен капитен на Рома, кој има 45 години и кој ја заврши кариерата во 2017 година, се ожени со Бласи (41) на 19 јуни 2005 година и од тогаш тие беа една од најстабилните двојки во „Калчото“. Тоти и Блази имаат три деца, Шанел, Кристијан и Изабел.

Гласините за развод се појавија минатиот февруари, поради наводна нова врска на фудбалерот, но во тоа време парот ја негираше кризата во бракот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.