Билетите за натпреварот меѓу Македонија и Италија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе почнат да се продаваат на 30 август, а цените ќе изнесуваат 300 и 500 денари.

Продажбата на билети ќе се организира преку продажбата мрежа на „МКТикетс“ со физичко присуство на купувачите. Билетарницата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7, 8 и 9 септември од 10.00 до 18.00 часот.

Цените на билетите по трибини:

Северна трибина

Блок 13 и 19 – 300 денари

Блок 14, 18, 20 и 24 – 500 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6 – 300 денари

Блок 2, 3, 4 и 5 – 500 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 – 300 денари

Македонските фудбалери имаат три освоени бодови по три одиграни меча, додека Италија има исто толку бодови по две одиграни средби.

Пресметката на репрезентациите е закажана за 9 септември од 20.45 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.