Во понеделник, 5 јуни, ќе започне продажбата на билетите за фудбалскиот натпревар Македонија – Украина (16 јуни, 20:45 ч.) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕУРО 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари, во зависнот од локацијата на трибините.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

Цени на билети:

Северна Трибина
300 денари – Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24

Јужна Трибина
300 денари – Блок 1, 2, 5 и 6
400 денари – Блок 3 и 4

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти, како и на денот на натпреварот од 10:00 часот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на ‘Рисовите’ да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024“, порачува ФФМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.