– Тренерот на шпанскиот прволигаш Атлетико од Мадрид, Диего Симеоне, му порачал на францускиот напаѓач Антоан Гризман дека не смета на неговите услуги во продолжение на сезоната, објави ЕСПН.

– Симеоне му соопштил дека веќе не смета на него и оти не е во преден план. Атлетико сака да се „ослободи“ од Гризман, бидејќи е уверен дека Французинот веќе никогаш нема да игра квалитетен фудбал како порано, објави истиот извор.

Шпанските медиуми додаваат дека Гризман ги преживува најтешките моменти во кариерата, бидејќи за него не се заинтересирани ниту Атлетико, ниту Барселона, а францускиот фудбалер нема понуди од други клубови.

Гризман (31) е член на Барселона, но е позајмен на Атлетико до крајот на актуелната сезона



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.