Првата ѕвезда на репрезентацијата на Бразил, се огласи во јавноста еден ден по елиминацијата од Хрватска во четфртфиналето на СП во Катар.

Бразил беше елиминиран од Хрватска на пенали, иако водеше со 1:0 со гол даден во последната минута од првото продолжение и тоа преку Нејмар.

Но, Коцкестите успеаја да израмнат во 117-та минута преку Бруно Петковиќ, по што победникот мораше да се одлучи во пенал рулетот. Во него, херој беше голманот на Хрватите, Доминик Ливаковиќ кој го одбрани ударот на Родриго, а по промашувањето на Маркињос, Коцкестите се пласираа во полуфиналето.

„Психички сум уништен, ова сигурно беше поразот кој најмногу ме повреди, ме парализираше на десет минути, а потоа ме натера да плачам. За жал, ова ќе ме боли долго време. Се боревме до крај, горд сум на моите соиграчи бидејќи не недостигаше ниту труд, ниту посветеност. Заслуживме да победиме, но тоа не беше Божја волја. Вредеше секоја жртва, да се почувствува посветеноста на сите на теренот. Ти благодарам Господе за сè, ти ми даде се и не можам да се пожалам за ништо. Само сакам да се заблагодарам што се грижиш за мене. Секоја чест и слава се твои“, напиша Нејмар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.