Бразилецот Нејмар ќе го пропушти осминафиналето на Лигата на шампионите на Пари Сен-Жермен против Реал Мадрид, поради тоа што му е потребно повеќе време за целосно да закрепне од повредата.

Оваа информација на Твитер ја објави новинарот Адриен Грение повикувајќи се на „Л’Екип“.

ПСЖ ќе се соочи со Реал Мадрид на 15 февруари во Париз, а реваншот ќе се игра на 9 март во Мадрид.

Нејмар оваа сезона за ПСЖ на 14 натпревари постигна три гола и имаше три асистенции.

Договорот на бразилскиот фудбалер со парискиот клуб е до 30 јуни 2025 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.