Бразилскиот фудбалер Нејмар бил во големи проблеми откако авионот во кој се наоѓал морал принудно да слета. Сите се исплашиле поради тоа, но на крајот сè завршило во најдобар ред.

Авионот кој е во сопственост на фудбалската ѕвезда итно слетал во Бразил поради технички проблеми. Набрзо сè било решено, па тој повторно полетал.

Во авионот биле Нејмар, неговата сестра Рафаела Сантос и девојката Бруно Бјанкарди. Пилотот донел одлука да слета за да го реши проблемот – соопшти ПР – агенцијата на бразилскиот фудбалер.

Набргу потоа се огласи и самиот фудбалер.

Ви благодарам на сите на пораките за поддршка. Фала му на Бога, веќе си тргнавме кон дома. Бевме малку исплашени, но сите сме добро и заедно сме – изјави Неимар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.