Организаторите на Светското првенство во фудбал во Катар потврдија дека се продадени речиси 1.2 милиони билети во првиот извештај за продажбата за необичниот Мундијал, кој ќе се оддржи во ноември и декември.

Главниот организатор, Хасан Ал-Тавади, тврди дека постои „рекордна“ заинтересираност за првото Светско првенство кое ќе се оддржи на Блискиот Исток. Според организаторите имало повеќе од 40 милиони барања за билети во првите две фази на онлајн продажба на билети. Вкупно ќе бидат продадени 2 милиони билети, а дополнителни 1 милион ќе бидат доделени на ФИФА и на спонзорите.

СП со 32 репрезентации ќе се оддржи на осум стадиони во и околу престолнината Доха, со што ќе има посебен притисок на инфраструктурата на малата земја. Катар вети 130.000 соби во хотели и апартмани, како и невообичаени 1.000 традиционални шатори во пустината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.