Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети по победата над Јувентус го сподели своето мислење за евентуалната шампионска титула на тимот.

– Кога добивате толку важни натпревари на крајот од сезоната против противници од ова ниво во една ваква рамноправна борба, овие победи стануваат тули во ѕидот на конечниот успех. Но, да не брзаме со шампањот бидејќи сè уште не сме ја завршиле работата. Му честитав на тимот, одигра добро, што не беше лесно неколку дена по разочарувачката елиминација од Лигата на шампионите. Мислам дека не би можеле да одиграме уште подобро денес. Да се биде на неколку чекори од Скудетото е награда за сите жртви кои се направени низ годините, изјави Спалети.

Наполи може да стане шампион на Италија во 32. коло од Серија А што ќе се одржи следната недела. За да го освојат шампионатот, „Наполитанците“ треба да ја победат Салернитана, а Лацио да загуби или да ремизира со Интер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.