Дуелот меѓу Лацио и Рома беше дерби на четвртфиналето од Копа Италија, но навивачите на двете екипи се погрижија да им се одмили фудбалот на љубителите на овој спорт.

Пред почетокот на натпреварот, еден дел од навивачите на Лацио кој вечерва формално беше во улога на домаќин, стигна блиску до трибината на која се наоѓаа фановите на Рома и почна меѓусебното гаѓање со факели, димни бомби и тврди предмети. За среќа, полицијата успеа некако да интервенира и натпреварот почна навреме.

Од спортскиот дел, Лацио победи со 1-0 благодарение на голот на Закањи од пенал во 51. минута, а искри имаше и на крајот кога Педри и Азмун добија црвени картони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.