Стравични сцени се случиле на натпревар од пониските лиги на Србија, поточно во Војводина, каде што навивач влегол со нож на теренот.

Натпреварот меѓу Сремац и Слога Вогањ се играл во Деч, а бил прекинат поради расправија и влегување на еден од локалните навивачи со ладно оружје во рацете.

Се играл натпревар од Сремската лига, кога дошло до расправија и гужва околу судијата, во моментите кога еден од гледачите ја прескокнал оградата и се обидел сам да дели правда.

Натпреварот е регистриран со 3:0 во корист на гостите.

Повредени немало, а останатиот дел од публиката успеал да се пресмета со младиот човек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.