По натпреварот од втора лига меѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос, гостинскиот голман Андов бил нападнат и удрен од навивач кој упаднал на теренот.

По завршување на мечот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица на теренот. Исто така и минатата сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино но немаше реакција од наша страна. Бараме сега реакција од одговорните лица во федерацијата, стои во соопштението на Охрид Лихнидос.

Oд МВР го потврдуваат инцидентот и велат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.09.2024 околу 17.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека по завршување на фудбалскиот натпревар од втората фудбалска лига на Градскиот стадион во Неготино помеѓу екипите на Вардар Неготино и Охрид, голманот на гостинската екипа, А.М. бил физички нападнат од К.П.(45) од Неготино. По документирање на настанот против К.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.