Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен објави дека спогодбено ја прекинал комерцијалната соработка со авиокомпанијата „Катар ервејс“, која долго време предизвикуваше контроверзи поради обвинувањата за кршење на човековите права во оваа заливска држава.

Договорот меѓу Баерн Минхен и „Катар ервејс“ завршува спогодбено по пет заеднички возбудливи години. Баерн Минхен и „Катар ервејс“ успешно соработуваа и учеа едни од други”, рече извршниот директор на Баерн“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на официјалниот сајт на германскиот клуб.

Шефот на авиокомпанијата, Акбар Ал- Бакер, изрази „најдобри желби за иднината на клубот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.