На фудбалски натпревар во рамки на општинската фудбалска лига во Охрид синоќа е физички нападнат главниот судија.

Вчера во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице физички го нападнало главниот судија, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.