Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар, се соочува со судски процес од 17. до 31. октомври, во Барселона поради наводни неправилности при неговиот трансфер од Сантос во каталонскиот клуб во 2013 година.
Како што објави агенцијата „Франс прес“, покрај бразилскиот фудбалер, на обвинителна клупа ќе седнат и поранешните претседатели на Барселона, Сандро Росел и Жозеп Марија Бартомеу.
Тие се обвинети за корупција и измама.
Обвинителството, наводно, ќе бара двегодишна затворска казна за Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.