Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги сподели емоциите по победата (1:0) синоќа во Тирана против Феенорд во финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Ние испишавме историјата. Од самиот почеток верувавме дека можеме да го освоиме овој турнир. Толку многу мисли ми се вртат низ главата во моментов. Се чувствувам како вистински римјанин. Учеството во финалето не е доволно за да се влезе во историјата. Пред натпреварот им кажав на играчите за едно финале во кое бев поразен. Денес победивме, моите фудбалери дадоа сé од себе на теренот, истакна Мурињо.

Победата на Рома ѝ го донесе првиот трофеј од европските купови во историјата на клубот.

Педесет и деветгодишниот Мурињо е единствениот менаџер кој победил на секое големо европско натпреварување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.