Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, изрази задоволство од изданието на неговиот тим на натпреварот од Лига Европа на гости против ХЈК Хелсинки.

„Римската волчица“ славеше со 2:1 и си ги зачуваа шансите за пласман во плејофот.

Дали сум задоволен? Да. Пред натпреварот знаевме како заврши средбата Бетис – Лудогорец, па секој резултат го оставаше отворено прашањето за плејофот. Сакавме да победиме. Овој резултат добро ни дојде по поразот од Наполи во Серија А. Во соблекувалната зборувавме за нашите навивачи кои дојдоа од Рим. Исто така и ним им беше важно да победиме. Го направивме тоа и сега мора да се подготвуваме за следниот предизвик, изјави Мурињо.

Рома сега е на третото место во Ц-групта со седум бодови исто колку што има и Лудогорец. Бетис е убедливо прв со 13, ХЈК е последен со само еден бод.

Во последното коло, Рома на домашен терен го пречекува Лудогорец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.