Лионел Меси нема намера да се враќа во Барселона, клуб во кој се стекна со светска слава, тврди „Мундо Депоритво“. Изминатите месеци, се провлекува приказната дека Меси и Барселона имале желба да ја обноват соработката.

Гледајќи го неговиот настап исклучиво преку голови, Лионел Меси не воодушеви во првата сезона во ПСЖ. Тоа ќе се обиде да го поправи во втората, решен е да остане во ПСЖ и во следната натпреварувачка година, како што стои во неговиот договор.

„Мундо Депортиво“ пишува дека не се зборува за заминување на Меси од ПСЖ и дека самиот фудбалер е изненаден од гласините за негово заминување од клубот. Тој се уште сака да ја освои Лигата на шампионите со парижаните.

Меси беше на висина на задачата во Лигата на шампионите во која постигна пет гола на седум натпревари, но вкупно има само осум гола и 13 асистенции на 29 одиграни натпревари за клубот. И покрај скромниот настап за неговите стандарди, тој сè уште е еден од најдобро оценетите играчи во Лига 1.

Овој извор пишува дека Меси е решен следната сезона да остане на „Паркот на принцовите“ и да ја нападне титулата во Лигата на шампионите и дека не му било јасно зошто толку многу се споменува неговото заминување бидејќи воопшто не размислувал за враќање во Барселона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.