Големите ривали Јувентус и Интер ќе се борат за трофејот од Купот на Италија откако старата дама уште еднаш ја победи Фиорентина, овојпат со 2-0 и со вкупни 3-0 се пласираше во финалето.

Јувентус мечот го почна со предност од 1-0 остварена во Фиренца, па момците на Алегри беа големи фаворити за пласман во финале кое го заверија со нов триумф.

Резултатот беше отворен во 32. минута со гол на Бернанрдески.

Во 62. минута повторно се затресе мрежата на Фиорентина, но погодокот на Рабио беше поништен поради офсајд.

Кога се очекуваше крај на мечот, Данило даде гол во 94. минута и ги постави конечните 2-0 за Јувентус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.