Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, порача дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.

Притисок секогаш ќе има, но и мотивот за победа секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме да победиме – изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.

Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски истакна дека триумфот е „мотив плус и показател дека репрезентацијата е на вистинскиот пат“.

Ние сме мала држава и мала репрезентација во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат – порача Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.