Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, по пристигнувањето на експедицијата од Палермо, порача дека победата над Италија во полуфиналето од мундијалскиот бараж ќе остане запаметена во колективната меморија.

Сè уште сме под еуфорија. Вакви големи победи за овој народ засекогаш ќе останат запаметени – изјави Ристовски, најавувајќи дека пред неговите репрезентативни колеги следува мала прослава и малку одмор, а веќе од утре подготовки за гостувањето во Порто.

Капитенот порача дека успешните резултати на репрезентацијата се заслуга на сите, но притоа особено ја истакна улогата на помладите во тимот.

Среќен сум бидејќи во тимот имаме млади играчи, кои го даваат својот максимум и со нивна помош постигнуваме вакви големи резултати – истакна Ристовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.