Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Боби Милевски по мечот вели дека и покрај сите проблеми тој смета дека сме на вистинскиот пат
„Тоа што го одигравме во квалификациите за СП и баражите е зад нас, но ни дава за право да кажеме дека сме на добар пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма. Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови. Без разлика на тоа со Грузиај одигравме добар натпревар, морам да кажам и вечерва по се тоа што се случи момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна. Во овие момци има потенцијал. Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во ЕВРО квалификациите. Мора да размислиме за тоа кој се ќе игра во следните пријателски натпревари кои што ни следат. “, вели Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.