Белгискиот фудбал се соочува со скандал од големи размери, откако Јавното обвинителство најави можни десетици обвиненија како резултат на серија истраги за повеќе недозволени активности, вклучувајќи и местење натпревари на прволигашки екипи.
Вкупно 56 лица, како и една компанија, се осомничени за измама, перење пари, местење натпревари и членство во криминална организација, меѓу другите обвиненија, објавија локалните медиуми.
Повикувајќи се на извори од истрагата, весникот „Dernière Heure / Les Sports“ објави дека меѓу осомничените има функционери од неколку белгиски прволигашки екипи, како и фудбалски судии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.