Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси побарал Барселона да договори негово враќање на „Камп ноу“ пред крајот на оваа сезона, објави шпанскиот новинар, Жерар Ромеро.

Според новинарот, 35-годишниот аргентински фудбалер ќе остане во францускиот клуб доколку Барселона не преземе одлучни чекори за да го договори неговиот трансфер во каталонскиот тим.

Договорот на Меси со ПСЖ е со важност до крајот на јуни 2023 година. Напаѓачот оваа сезона одигра 36 настапи за Париз, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 45 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.