Аргентина е нов светски фудбалски шампион откако во финалето на Мундијалот во Катар ја совледа Франција со 4-2 по изведувањето пенали.

Франција не успеа да го одбрани тронот, двапати се враќаше во натпреварот, но на пеналите беше немоќна. Аргентина го имаше Емилијано Мартинез кој одбрани еден пенал, и еден беше промашен за светската круна.

Аргентина од почетокот создаваше шанси, а таквата игра им се исплатеше после 22 минути. Анхел Ди Марија падна во шеснаесетникот, а судијата Марчињак покажа на белата точка. Меси беше сигурен реализатор. Продолжи Аргентина да биде подобрата репрезентација и на сцена повторно стапи Анхел Ди Марија во 36. минута кога по додавањето од Мекалистер реализраше за 2:0.

На полуврме се замина со 2-0 во корист на Аргентина.

Марчињак во 80. минута повторно покажа на белата точка, овојпат за Франција. Мбапе беше сигурен реализатор на ударот од белата точка. Со првиот гол Мбапе се израмни со Меси на листата најдобри стрелци на Мундијалот, а само една минута подоцна со втор гол донесе изедначување и голема радост за Франција.

Се играше 109. минута од натпреварот кога по шутот на Лаутаро Мартинез топката се одби до Меси кој се најде на вистинското место и погоди за трет гол на Аргентина. Во 116. минута Франција доби нов пенал поради игра со рака во шеснаесетникот и повторно Мбапе застана на белата точка, не погреши и со хет-трик донесе ново изедначување.

Мбапе со својот трет пенал на натпреварот застана прв кај Французите и по третпат беше сигрен. Меси веднаш изедначи, а првиот кој промаши беше Кингли Коман во втората серија кај Франција. Дибала по средината го матираше Лорис за водство на Аргентина. Чуамени катастрофално лошо шутираше во третата серија, промаши цел гол и тука веќе се најавуваше големата победа на Аргентина. Паредес стрелаше за Аргентина, а Коло Муани остави трошка надеж за Французите. Сепак се беше готово кога во следниот пенал Акуна реализираше за светска титула.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.