Во Катар пристигна репрезентацијата на Аргентина, која е во серија од 36 натпревари без пораз и е меѓу главните фаворити за титулата на Светското фудбалско првенство кое почнува в недела

-Доаѓаме со многу самодоверба, бидејќи оваа екипа е подготвена за голем резултат. Се надевам дека можеме да почнеме на најдобар можен начин и потоа да се соочиме со сè што нè очекува, изјави аргентинскиот капитен Лионел Меси, кому ова веројатно ќе му биде последен Мундијал во кариерата.

Аргентицте пристигнаа во Катар со специјално дизајниран авион по триумфот од 5-0 над Обединетите Арапски Емирати во последниот контролен натпревар.

Во првото коло од групната фаза Аргентина на 22 ноември ќе игра против Саудиска Арабија, по што следуваат дуелите со Полска и Мексико



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.