Натпреварот на Евертон во Премиер лигата против Њукасл мораше да биде прекинат откако демонстрант и активист се врза за една од стативите на стадионот Гудисон Парк.

Во 49. минута од натпреварот од Премиер лигата при резултат 0-0, лицето се врза со кабел околу вратот на рамката од голот на Асмир Беговиќ, голманот на Евертон.

Додека сите гледаа вчудоневидени, обезбедувањето брзо долета и го пресече кабелот.

По шест минути доцнење, откако лицето конечно беше ослободено, тој се фрли на тревата за да го продолжи прекинот.

Следеа уште непријатни сцени кога незадоволен симпатизер на Евертон влезе на теренот за да го повлече за нозе.

Активистот, кој носеше портокалова маичка на која беше испечатено „Just Stop Oil“, полицајците мораа да го изнесат надвор од теренот, а другиот навивач кој дојде на теренот исто така беше исфрлен.

Дваесет и едногодишното момче организираше протест застапувајќи ги ставовите на групата наречена „Just Stop Oil“, која е загрижена за новите нафтени полиња во Северното Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.